За три француски легенди ова беше последно Европско првенство

Ветераните во репрезентациајта на Франција, Седрик Сорендо, Мишел Гигу и Лук Абало за последен пат настапија во националниот дрес на континентален собир на првенството во Австрија, Шведска и Норвешка.

Планот на трофејните ракометари е официјалниот крај на кариерата да го имаат во август после Олмиписките игри во Токио. Доколку Франција не обезбеди пласман на Олимпијадата, настапите на ЕП ќе се сметаат за нивните последни за Франција.

„Свесен сум дека ова првенство веше последно во мојата кариера. Поминав многу прекрасни моменти со тимот, но дојде време да кажам „стоп“. Сакам да заминам од репрезентацијата со стил, сакам да освојам медал на Олипијадата“, изјави Абало.

38 годишниот Мишел Гигу се потсети на своите најнезаборавни моменти од кариерата со репрезентацијата.

„Успехот на Светското првенство во 2009 година е еден од омилените во мојата кариера. Исто така многу значајни ми се и победите на Еуро 2006 и Еуро 2010. Многу живописни епизоди со репрезентацијата“, се присети Мишел Гигу.

Франција имаше неуспешен настап на Еуро 2020 и беше елиминирана по првата фаза, а беше во група со Португалија, Норвешка и Босна и Херцеговина.