За малку избегната нова сензација: Данска спаси жива глава против Унгарија!

Еден од најголемите фаворити за златниот медал на Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска – селекцијата на Данска, стигна само до бод против Унгарија, но и тој бод ја остава во игра за место во следната фаза.

По петнаесетина минути Унгарците водеа со 5-7, пред Лауге да намали на минус еден. Сепак тука тргна серија на унгарскиот тим од три гола за 6-10, но Данците кои практично играат на домашен терен во Малме израмнија на 10-10.

Ландин влезе во серија, а неговите соиграчи не го материјализираа тоа во нападот, па Унгарија на пауза водеше со 11-13, откако Доминик Мате погоди од голема далечина во последната секунда.

Во второто полувреме Данците диктираа темпо, но Унгарците секогаш беа тука некаде. Водеа со 21-23, но Браминг, Тофт Хансен и Закаријасен донесоа 24-23. Стигна израмнување од Сита и сто реми се влезе во последната минута.

Данците напаѓаа скоро цела минута, но Хансен не успеа да погоди, а Унгарците не стигнаа да организираат напад и мечот заврши 24-24. Браминг даде шест за Данска, а Балог седум погодоци за Унгарија.

За место во следната фаза Данска мора да ја совлада Русија во последното коло, и да се надевам дека Унгарија ќе загуби од Исланд.