Запознајте ги идните ѕвезди на европскиот ракомет, меѓу нив има и македонски ракометар(к)и

Летото 2021 година ни даде одлична претстава за иднината на европскиот ракомет преку десетте турнири во младинските и кадетските категории одржани ширум Европа, меѓу кои два во Македонија.

На секој од овие турнири беше прогласен ол-стар тим, а на три турнири дел од најдобриот тим беа македонски ракометари и ракометарки. На ЕХФ шампионатот до 19 години во женска конкуренција кој се играше во Македонија, нашата репрезентативка Сара Миновска беше избрана во ол-стар тимот како најдобро лево крило.

Женскиот ЕХФ шампионат до 17 години се играше во Литванија, а три ракометарки од репрезентацијата на Македонија се најдоа во најдобриот тим на турнирот. Марија Јовановска беше прогласена за најдобар голман, Теодора Дукоска за најдобро десно крило додека Ива Младеновска беше најкорисен играч на шампионатот.

ЕХФ шампионатот во машка конкуренција до 19 години се играше во Скопје, Македонија загуби во финалето од Полска, но двајца ракометари се најдоа во најдобрите. Марко Митев беше прогласен за најдобар среден бек и МВП на шампионатот, а за најдобро лево крило беше избран Петар Атанасијевиќ.

Иако многупати досега се докажало дека некои од најдобрите на кадетски и младински шампионати или првенства, не се прикажуваат во исто светло и во сениорските конкуренции, сепак веруваме дека сите македонски лауреати и во иднина ќе ни носат радости на клупски и репрезентативен план.

Во продолжение се сите ол-стар тимови од првенствата и шампионатите одиграни летово.