Заедно на ракометните терени, заедно и дома: Голманите на Гепинген го кажаа судбоносното ДА! (ФОТО)

Голманите на машката и женската екипа на бундеслигашот Гепинген, Даниел Ребман и Јасмина Јанковиќ го кажаа судбоносното ДА. Радосните вести ракометарите ги споделија на своите Инстаграм профили.

Германецот Ребман има 26 години и настапува во Гепинген од 2013 година, а во периодот од 2015 до 2017 беше дел од Нојхаузен. Сепак по враќањето во Гепинген е стандарден голман на тимот. Во изминатава сезона Ребман според бројот на одбрани беше само зад Никлас Ландин, Јоханес Битер и Јаник Грин.

Сопруга на Ребман стана 33-годишната Јасмина Јанковиќ која е родена во Добој, во Босна и Херцеговина. Јанковиќ започна да игра ракомет во Холандија во тинејџерските денови кога беше дел од екипата на Ден Хаг.

Во Гепинген е од 2011 година, а има играно и за Селе, Буктехудер, Мецинген и францускиот Тулон. Исто така има и 98 настапи за репрезентацијата на Холандија.