Заедно играа во Вардар, сега ќе тресат мрежи за грчки тим

Двајцата македонски интернационалци, Тоше Ончев и Стефан Трпчевски, ги започнаа подготовките со грчкиот тим Фаикас Корфу.

Ончев веќе играше во Корфу и го продолжи договорот, додека Трпчевски се сели во Грција по израелската авантура.

Левиот и десниот бек претходно играа заедно во Вардар Јуниор и во Вардар, пред да заминат во други тимови.

Ончев настапуваше во француските Вернуј и Вернон, додека Трпчевски беше дел од Охрид, Струга и израелскиот Хапоел Кирјат Оно.

Фаикас Корфу во прекинатото првенство минатата сезона се најде на 9 место, но сезонава амбициите на тимот се поголеми и целта е пласманот во плеј-офот.