Загреб пресилен за Нексе, Мотор триумфално среде Брест

После подолго време повторно на терените низ Европа имаше повеќе натпревари на програмата. Освен турнирот во Струга, пријателски натпреварии се одиграа во Хрватска и во Белорусија.

Во пријателски натпревар помеѓу најдобрите екипи од Хрватска, Загреб и Нексе подобра беше екипата предводена од Игор Вори со 30:24. Првиот дел од натпреварот беше изрманет и на полувреме беше нерешено 14:14. Сепак во вториот дел подобро издание имаше Загреб и на крајот успеа да триумфира.

Најефикасни во екипата на Загреб беа Вуглач и Матановиќ со по пет гола, Чавар постигна четири, а Божовиќ три гола. Голманите имаа скромно издание, Ашанин одбрани пет удари, а Јандриќ само еден. Во составот на Нексе Радовановиќ и Пешиќ со по пет гола беа најпрецизни, додека Јагањац постигна четири гола. Голманите Кузмановиќ и Цар собраа вкупно осум одбрани.

Мешков Брест и Мотор Запорожје одиграа контролен меч на кој победата ја однесе тимот од Украина со 30:27. Мешков имаше одлично издание во првиот дел и на полувреме водеше со високи 17:10. Во второто полувреме доминираше екипата на Мотор Запорожје, во 49. минута израмнија на 22:22 а до крај на мечот направија целосен пресврт.

Мотор Запорожје и Мешков Брест ќе одиграат уште една пријателска средба која исто така ќе се игра во арената Викторија во Брест.