Заврши паузата и за стружани, и тие почнаа со тренинзи

Екипите кои се дел од Супер машката лига полека почнуваат со подготовките за новата сезона и сите влегуваат во тренажниот процес кој е нормален за овој период од годината, а новиот тим на овој список е Струга.

Како што е познато овој тим минатата сезона играше во плеј-офот така што имаше обезбедено директен опстанок, па сега влегува одново со амбиции за висок пласман во суперлигашкото друштво.

На почетокот на тренинзите се појавија и новите крила Бобан Блажески и Славе Јанкоски. Блажески практично после долго време се враќа во својот матичен клуб, а доаѓа од екипата на Охрид. Јанкоски, пак, се сели во Струга од Астраион од Струмица. Блажески игра на позицијата десно, а Јанкоски на лево крило.

Тренерот Наум Танески на располагање има искусен тим, а недостигаат дел од ракометарите кои играа лани. Си заминаа Игор Илиевски, Богдан Николиќ, Вук Лакичевиќ…