Заврши и последниот шампионат во Европа – АЕК среде Солун освои титула

Тимот на АЕК Атина ја освои шампионската титула во грчкиот шампионат откако славеше и во вториот натпревар oд финалната серија против ПАОК на Виктор Гигов со 32-35.

За разлика од првиот дуел одигран во Атина, кој АЕК го доби убедливо, на овој гостите можат да бидат задоволни што се извлекоа од пораз.

ПАОК го диктираше темпото и најчесто водеше, но во финишот АЕК израмни и мечот во регуларниот дел заврши 29-29, па мораа да се играат продолженија.

По првото АЕК водеше со 31-32, но на крајот успеаја да слават со три гола разлика, 32-35 и да го однесат шампионскиот пехар во Атина.