После осум одиграни кола во Женската лига екипите на Металург и Куманово сосема очекувано се наоѓаат на првите две позиции со максимални 21 бод. И двата тима имаат по седум победи, а беа и слободни во едно коло.
На три бода ад овие два тима се Вардар и Чаир кои покажаа досега дека имаат состави кои може да се борат за висок пласман така што е максимално интересно и возбудливо во досегашниот дел од сезоната во Женската лига.
Тука во близина е и Стружанка, а Деспина веќе заостанува шест бода од 3. место и 9. од првата позиција така што е тешко да дојде до битка за првите четири места.
ЖЕНСКА ЛИГА
РЕЗУЛТАТИ ОД 8. КОЛО
ГЕВГЕЛИЈА – КУМАНОВО 17:36 (ИЗВЕШТАЈ)
Попова 8, Мандалова 2, Митревска 2 – Кипријановска 8, Трајковиќ 4, Јанкуловска 4
ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – ЧАИР 26:33 (ИЗВЕШТАЈ)
Манева 8, Вучевска 6, Стоилова 3 – А. Николовска 16, М. Николовска 5, Ѓуриќ 4
СПАРТАК – КУЗМАН ВАРДАР ИЛИНДЕН 34:30 (ИЗВЕШТАЈ)
Величковска 12, Стефановска 6, Димитрова 5 – Блажевска 11, Русевска 11, Ѓорѓиева 5
АЛУШОВСКИ – ПЕЛИСТЕР 34:34 (ИЗВЕШТАЈ)
Георгиевска 13, Алушовска 6, Николовска 5 – Анчева 14, Белевска 7, Талевска 5
ВАРДАР – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 33:10 (ИЗВЕШТАЈ)
Трпевска 6, Диневска 6, Седлоска 5 – Цветановска 3, Донева 2, Петровска 2
ДЕСПИНА – СТРУЖАНКА 17:24 (ИЗВЕШТАЈ)
Л. Рипилоска 7, Е. Рипилоска 2, Филипоска 2 – Делиоска 9, Дукоска 5, Маркоска 4
МЕТАЛУРГ беше слободен
ТАБЕЛА: 1. Металург 21 бод (278:122); 2. Куманово 21 (257:142); 3. Вардар 18 (241:147); 4. Чаир 18 (214:178); 5. Стружанка 15 (232:195); 6. Деспина 12 (200:222); 7. Спартак 10 (211:233); 8. Пелистер 7 (200:245); 9. Гевгелија 7 (152:214); 10. Алушовски 4 (201:277); 11. Овче Поле СУ 3 (168:194); 12. Ѓорче Петров 3 (137:213); 13. Кузман Вардар Илинден 3 (171:280).