ЕХФ ја одбра најдобрата седморка по првата фаза и веднаш предизвика лавина реакции (ФОТО)

Европската ракометна федерација го објави идеалниот тим по првата фаза на Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска и веднаш предизвика лавина реакции во јавноста.

Најдобар среден бек е Енди Шмид, иако многу повеќе прикажаа Домагој Дувњак или Лука Циндриќ од Хрватска, како и Деан Бомбач.

Изборот за десен бек е Кај Смитс од Холандија, иако други ракометари на оваа позиција беа многу подобри и во реализација и со пласман во главна рунда.

Реакции има и за изборот на десното крило Блаж Јанц, кој баш и немаше добра реализација во првата фаза за селекцијата на Словенија.

Свое место во идеалниот тим имаат и голманот на Шпанија, Гонзало Перез де Варгас, левото крило од Норвешка, Магнус Јондал, пикерот на Белорусија, Артем Каралек, како и левиот бек на Норвешка, Сандер Сагосен.