ЕХФ реши: Одложен натпреварот меѓу ПСЖ и Вардар!

Европската ракометна федерација реши да го одложи натпреварот од 6. коло во Лигата на шампионите меѓу францускиот ПСЖ и шампионот Вардар.

„Црвено-црните“ требаше да патуваат во француската престолнина утринава  во 11:00 часот, но чартер летот беше откажан поради доцните резултати од тестирањата на Ковид-19 и двата позитивни случаи.

Досега беа одложени две средби на Вардар, една поради коронавирус во редовите на ривалот (ПИК Сегед) и една поради ковид протоколи (Елверум). „Црвено-црните“ загубија од Мешков Брест, го победија Фленсбург и ремизираа со Порто.

ПСЖ имаше само еден одложен натпревар во елитното натпреварување, на гости кај ПИК Сегед.

Вардарци останаа во Скопје – неизвесен е натпреварот со ПСЖ?!