ЕХФ делегираше судии за Келн, Лазаров ќе биде единствен Македонец на Ф4!

Европската ракометна федерација ги делегираше арбитрите за завршниот турнир во Лигата на шампионите на 12 и 13 јуни.

За Ф4 во Келн не е делегирана најдобрата судиска двојка од Македонија, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, иако оваа сезона тие имаа одлични критики за сработеното на дуелите од елитната конкуренција.

Полуфиналната средба меѓу ПСЖ и Алборг ќе ја судат Словенците Лах и Сок, додека на дуелот меѓу Барса и Нант, правдата ќе ја делат Швеѓаните Куртагиќ и Ветервик.

Средбата за третото место им е доделена на Швајцарците Брунер и Салах, додека мечот за титулата ќе го судат чешките арбитри Хорачек и Новотни.