ЕУРО 2020: Кристопанс е срцето на Летонија

Љупчо Мијалов е тренер на екипата на Радовиш, која се натпреварува во Супер машка лига. Тој ја води оваа екипа веќе неколку сезони и во нив редовно е во близина на екипите кои се во плеј-оф, а досега немало проблеми за обезбедување на опстанок.

Репрезентација на Летонија првпат се пласираше на Европско првенство и секако ќе има шанса и ќе мора да покаже дека не е случајно таму. Како екипа која ќе биде составена со искусни и млади играчи мислам дека најмногу ќе зависи играта од еден од најдобрите десни бекови на денешницата Даинис Кристопанс и тоа колку успеал да заздрави од повредата.

Групата е тешка со две репрезентации како што се Шпанија и Германија кои мислам дека ќе се борат за медал на овој шампионат, како и Холандија која заедно со Летонија е малку понепозната за нас. Сепак, и тие како Летонија ќе мора да покажат дека не се случајно таму, сметам дека борбата за 3. место во групата ќе биде меѓу нив.

Арманд Ушчинс, е 46-годишен селектор и поранешен репрезентативец на Летонија, кој  од 2017 година го презема кормилото и го постигнува историскиот успех со првото учество на големо натпреварување. Не е логично после таков успех да се менува тренерскиот тим единствено смената да не е од други причини, а ако би имало мислам дека не би имало посебно промени во играта на тимот. Секако желбата и мотивираноста би требало да се на високо ниво.

Сè зависи од бекот на Вардар

Нападот сосема очекувано најмногу ќе зависи од играта на Кристопанс кој е еден од најдобрите бекови во светот во моментов. Секако тука се и средниот бек Версаковс, како и пивотите Дуде и Поилтерс  кои  мислам дека ќе го носат товарот. Ќе им недостига искуството од настапи на големите натпреварувања, но ќе видиме дали може и да измачат некоја од големите екипи.

Одбраната треба да биде нивниот адут. Играат претежно 6-0 одбрана, која е поагресивна со тоа што знаат и да се трансформираат во 5-1. Тоа ќе зависи од противникот со кој ќе играат. Морам да се повторам дека и тука најголем дел ќе зависи од ракометарот на Вардар, Кристопанс кој е играч во двата правца и најдобар поединец во играта на Летонија.

Голманите исто така треба да се дел  од адутите што ги имаат со тоа што двајцата се искусни. Кугис е голман на Вардар така што квалитетите ги имаат, а проблем може да биде формата. Во последниот период Кугис не беше во најдобра форма и имаше мала минутажа, а имаше и повреда така што очекувам да се врати во ритам и тој и неговиот колега да имаат солидни натпревари.

Неискуството ги носи во битка за 3. позиција

Шансата во групата реално мислам дека е со Холандија со која ќе се борат за 3. место. Со другите две селекции кои се ракометни велесили како Германија и Шпанија тешко може да се носат. Затоа репрезентативците на Летонија  ќе можат да дадат сè од себе и да се прикажат во најдобро светло.

Тројцата играчи од кои ке зависи играта и екипата мислам дека секако најмногу бековската линија на чело со Кристопанс и Версаковс, но и голманот Кугис. Сметам дека тоа е и проблемот на  помалите репрезентации така условно кажано послабата ротација со кои  располага тренерот која не само Летонија туку и многу други репрезентации ја имат како недостиг.