Еурофарм Пелистер 2 останува без најискусните – Димитровски и Трајковски се слободни играчи!

Тимот на Еурофарм Пелистер во иднина веројатно ќе се потпре само на млади ракометари, па реши да им даде одврзани раце на двајцата најискусни ракометари во тимот.

Станува збор за кружните напаѓачи, Васко Димитровски и Игор Трајковски. Тие двајцата беа лидери на тимот сезонава и одиграа на високо ниво, па нема да имаат проблем во наоѓањето на нова средина.

Повеќе суперлигаши веќе доставија понуди на нивна адреса и наскоро ќе бидат познати нивните нови средини.

Двајцата се деца на Пелистер. Димитровски имаше настапи за Вардар, Прилеп и унгарскиот Егер Естерхажи, додека Трајковски беше дел од Струга и Металург 2.