Еурофарм Пелистер 2 без мака до убедлива победа против Скопје

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 во натпревар од 5. коло од Супрерлигата пред својата публика остварија рутинска победа против тимот на Скопје, со резултат 28:19, во натпревар од групата Б. Домаќините од почеток до крај на натпреварот ја диктираа играта и со убедлива победа се загреаја за дерби дуелот против Тиквеш во рамки од следното коло.

Избраниците на Александар Јовиќ одлично го отворија натпреварот во спортската сала „Боро Чурлевски“ и по десетина минути игра имаа водство од 4:1. Скопје речиси седум минути беше без постигнат гол и вториот погодок во мрежата на домаќините го реализира во 12 минута преку искусниот кружен напаѓач, Игор Трајковски. Младите „фармацевти“ постепено ја зголемуваа својата предност, ги казнуваа грешките на противникот и кон средината на првото полувреме имаа плус пет позитива, 8:3.

Пет минути резултатот беше непроменет, па така во 20 минута Димитровски зголеми на 9:3, а минута подоцна Митревски со гол од пенал му го донесе највисокото водство на својот тим од плус седум, 10:3. До крајот на првото полувреме немаше поголема промена на резултатот. Ракометарите на Кузманоски немаа решение за разиграните домаќини и на пауза резултатот беше 14:7 во корист за домашниот тим.

Еурофарм Пелистер 2 за пет минути игра во второто полувреме зголеми на 22:10 и во тој момент ја запиша третата победа во годинешната сезона. Скопје тешко доаѓаше во позиција за гол и домаќините со лесни погодоци од контри и полуконтри ја полнеа противничката мрежа. Јовиќ во последниот период ја измеша поставата и шанса им даде на останатите играчи од клупата, кои што ја оправдаа дадената доверба.

Предводници во убедливата победа против Скопје беа Петар Атанасијевиќ со пет и Христијан Митревски со четири гола. Во листата на стрелци се запишаа и Самоил Ристевски, како и Марко Димовски, ракометари кои што се дел од младинскиот тим на Еурофарм Пелистер 2. Кај Скопје најефикасен беше Жарко Барјактаревиќ со шест гола.

Табела – Група Б

ПозЕкипаНПРЛБ
114130139
214130139
31480624
41471622
51452717
614311010
71430119
81420126