Еурофарм Пелистер тргнаа кон Задар по испишување на нова историја(ФОТО)

Македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер замина на пат кон Задар, каде од 2-4 септември ќе учествува на Фајнл Фор турнирот во СЕХА лигата, за прв пат во својата историја.

Пелистерци во четвртфиналето го елиминираа белорускиот шампион Мешков Брест по пенал рулетот и во второто полуфинале шанса за испишување нова историја ќе бара против унгарскиот гигант Веспрем (2 септември, 20:30).

Еурофарм Пелистер денес околу 16 часот замина за Загреб преку Скопскиот аеродром, а од таму ќе се упатат кон Задар, каде се очекува да пристигнат во вечерните часови.