Еурофарм Пелистер има нов капитен (ФОТО)

Најдобриот среден бек во Супер машката лига за минатата сезона во изборот на 24 Ракомет, Јосип Периќ е новиот капитен на екипата на Еурофарм Пелистер.

Со оглед на тоа што минатогодишниот лидер на теренот и капитен на тимот од Битола, Градимир Чаневски си замина од клубот и ќе игра за Бутел Скопје, мораше да се постави нов лидер на теренот.

Периќ имаше одлична сезона така што немаше многу дилеми околу тоа кој би бил носител на капитенската лента во новата сезона, 2021/22.

Покрај тоа веќе е познато и кој ќе биде негов заменик. Еден од поискусните ракометари од Македонија, Милорад Кукоски е поставен за ова место во тимот на Еурофарм Пелистер.

Денеска овој тим игра уште еден контролен натпревар, а противник е Металург. В среда, пак, ќе има прво одмерување на силите со Вардар во Супер купот на Македонија.