ЕМОЦИИ ЕДЕН КУП: Беше играч на мечот, не можеше да ги запре солзите – ги расплака и ривалките (ВИДЕО)

Многу емотивен момент го одбележа вчерашниот ден на Светското првенство во Шпанија, каде останува да се доигра уште последното коло од првата фаза.

На натпреварот меѓу Норвешка и Иран, за МВП на мечот беше прогласена голманката на Иран, Фатиме Калили Бехфар, која за едно полувреме собра седум одбрани против европскиот шампион.

Иран е дебитант на Мундијалот, а солзите на Бехфар доволно кажуваат колку им значи настапот на големо натпреварување.

Голманката го прослави индивидуалното признание со своите колешки, а ниту ривалите од Норвешка не можеа да ги скријат емоциите и им се придружија…