Екс селекторот на Франција конечно си нaјде нова работа, ќе работи во Тунис

Поранешниот предводник на репрезентацијата на Франција, Дидие Динар си најде нова работна задача и во иднина ќе седи на клупата на тимот на Ал-Тараџи од Тунис.

Од утре тој веќепочнува со работа и ќе има тешка задача во предводењето на тимот во битката за што е можно подобар пласман на клупскиот Куп на Африка кој би ребало да се одигра во мај.

Динар е без работа веќе ивесен период откако од 2016 до 2020 година беше селектор на Франција каде што претходно три години беше помошник во репрезентација. Иако во 2017 година дојде до титулата слабите резултати на Европското првенство во 2020 година му пресудија и осана без ангажман.

Во Тунис ќе се обиде да ги покаже своите квалитети и одново да се врати во светот на ракометот на голема врата.