Екстра мотивација за Германците – објавени премиите за освоен медал на ЕП

Ракометната федерација на Германија ги објави наградите за своите репрезентативци доколку освојат медал на европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска.

Германците ќе поделат награда од 250.000 евра доколку го освојат првтото место и златниот медал на шампионатот. Доколку бидат втори и освојат сребрен медал ќе добијат награда од 200.000 евра, а за бронзениот медал имаат награда од 150.000 евра.

Избраниците на Кристијан Прокоп ќе имаат мотив плус за подобри изданија на првенството. Германија ги започнува натперварувањата на првиот ден, на 9 јануари против Холандија. Во прелиминарната фаза уште ќе играат со Шпанија и дебитантот Летонија.