Еден од тренерите во Веспрем „преживеа“, но во иднина ќе работи со деца

Еден од најдобрите ракометари кои настапувале некогаш за Веспрем и репрезнетацијата на Унгарија, натурализираниот Унгарец Карлос Перез го напушта првиот тим и се сели во академијата каде што ќе има задача да работи со младите ракометари.

Стратегот кој има 49 години беше помошник на Давид Дејвис во минатата сезона, но после отпуштањето на Шпанецот следуваше и разговор со Перез, кој помина подобро.

Перез се сели во кадемијата Балатон-Веспрем каде што ќе има задача да работи со децата.

„Веројатно ќе имам задача да се занимавам по малку со секој тим односно генерација. Најважно е што останувам во Веспрем. Сакам моето знаење да го пренесам на младите ракометари бидејќи сметам дека е важно тие да го научат сето ова и да станат професионални ракометари. Ќе внимавам на тренинзите, секојдневната работа и ќе им пмагам во работата на тренерите. Ова не ми е непознато бидејќи бев тука и пред две години. Знам дека имаме многу добри и талентирани ракометари, но и многу квалитетни тренери“, вечи Карлос Перез.

Во Веспрем има големи промени кои се случуваат во последните месеци, а во новата сезона тимот ќе го води Момир Илиќ.