Египет станува ветена земја за шпанските тренери

Според информациите на „Хендбал-планет“, уште еден шпански тренер ќе работи во Египет. Станува збор за актуелниот селектор на машката сениорска репрезентација на Чиле, Матео Гаралда.

Шпанецот, кој шестпати ја освојуваше Лигата на шампионите, во следната сезона може да биде новиот тренер во екипата на Замалек.

Во својата тренерска кариера, од 2012 до 2014 ја предводеше Гвадалахара, потоа една сезона беше на чело на романска Бацау, а од 2016 година е на кормилото на репрезентацијата на Чиле.

Доколу Гаралда биде новиот тренер на Замалек, тогаш тој ќе биде третиот шпански тренер кој ќе работи во Египет.

Поранешниот тренер на Вардар, Роберто Гарсија Парондо, моментално, е селектор на репрезентацијата на Египет, а поранешниот тренер на Мешков Брест, Даниел Гордо ја продолжи соработката со Ал Ахли.