Дукоска и Переска дадоа 20 гола, Стружанка со убедлив триумф над Кузман Вардар

Ракометарките на Стружанка ја остварија петтата победа во осум натпревари од Женската лига, откако славеа убедливо над Кузман Вардар со 43-18.

Уште по првиот дел избраничките на тренерот Владимир Паноски поведоа со 25-8, па беше јасно каков натпревар ќе има до крајот.

Во вториот дел шанса за настапи добија сите од клупата, но разлика само се зголемуваше до конечните плус 25.

Најдобри стрелци во победничкиот состав беа Теодора Дукоска со 13 и Тијана Переска со седум голови, додека кај Кузман Вардар, Ружица Атанасова даде пет погодоци.

Стружанка сега е на два бода зад тимот на Чаир, кој има 18 бодови, додека Кузман Вардар остана без освоен бод и по осум натпревари.