Дуелот меѓу Веспрем и Нант е одложен, еден од судиите е позитивен на Ковид 19

Натпреварот меѓу Веспрем и Нант не стартуваше иако ракометарите се наоѓаат на теренот. Причината е во позитивниот наод на тестирањето на Ковид 19 кај еден од судиите од Хрватска, Далибор Јуриновиќ и Марко Мрвица.

Нема информација за кој од нив се работи точно, но се наведува дека ова е причината поради која натпреварот не можеше да стартува.

Се прават напори за нова судиска двојка, но останува да се види кога би можело овој натпревар да биде одигран. Најверојатно тоа би се случило во текот на утрешниот ден, но останува да се види какви ќе бидат информациите од Унгарија.

Ова е средба од последното коло во кое Дејан Манасков требаше да се соочи со Кирил Лазаров, но натпреварот не стартуваше така што се очекува да се види дали подоцна денеска или евентуално во текот на утрешниот ден ќе дојде до пресметка меѓу тимовите на Веспрем и Нант.