Дувњак и Палмарсон го кренаа гласот – НЕ за Мундијалот во Египет!

Листата на ракометари кои се против одржувањето на Светското првенство во Египет во јануари е се подолга.

Меѓу последните кои го кренаа својот глас се членовите на Кил и Барселона, Домагој Дувњак и Арон Палмарсон, кои со своите екипи ќе мора да настапат и на завршниот турнир од Лигата на шампионите кон крајот на декември.

„Мислам дека е премногу опасно“, одговори Дувњак дали треба да се одржи Мундијалот во Египет.

Исландскиот бек вели дека треба да биде откажано СП.

„Треба да се откаже! Не можам да разберам дека треба да летаме таму, и да играме во ваква ситуација“, кажа Палмарсон.

Мундијалот е планирано да се одржи од 13 до 31 јануари во четири египетски града.