Драчево со суперлигашки амбиции – се засили со Дука и Анѓелковски

Екипата на Драчево, која во изминатата сезона не успеа да обезбеди влез во македонската елита, во новата сезона ќе настапи со големи амбиции, па така раководството на клубот донесе две квалитетни засилувања во своите редови.

Први засилувања во тимот на Драчево се десниот бек, Ѓорѓи Дука и кружниот напаѓач Кристијан Анѓелковски. Двајцата ракометари во Драчево ќе пристигнат од екипата на Работнички.

Дука во изминатата сезона беше меѓу најдобрите стрелци во Првата лига, на 26 одиграни натпревари постигна 192 погодоци, од кои 115 во регуларниот дел од првенството и 77 погодоци во плеј-оф фазата во прволигашкото друштво.

Десниот бек настапуваше и за екипите на Македонија ЃП, Вардар Јуниор и Пролет, додека Анѓелковски во својата кариера го носеше дресот и на Вардар Јуниор. Двајцата ракометари имаат забележано настап и за првиот тим на Вардар во рамки од СЕХА лигата и зад себе имаат суперлигашко исксутво.

Драчево во новата сезона во Првата лига ќе игра во група Б заедно со Риниа, Борец, Партизан Гевгелија, Ангели Волково, Астраион, Голден Арт 2, Металург РА, Аеродром и Преспа.