Драчево не се откажува од Супер лига, забележа лесен триумф против фенерџијата

Ракометарите на Драчево без многу проблеми стигнаа до триумф против составот на Јехона во 11. коло од плеј-офот откако на домашен терен славеа so 33:27 и останаа во борба за пласман во Супер лигата.

Драчево во целост ја оправда фаворитската улога и имаше контрола на играта и резултатот во текот на сите 60 минути. Уште на почетокот најави триумф кога поведe со 3:0 и 5:1, а до крајот на првиот дел веќе беше познат победникот.

После 30 минути игра Драчево имаше предност од 16:8. Во продолжение на дуелот домашниот тим играше рутински, а Јехона беше немоќна да стори нешто повеќе. До крај на натпреварот без проблеми ја сочуваа предноста и забележаа лесен триумф.

Иван Ангелов го предводеше тимот на Драчево до победата со девет погодоци, а Едис Јаховиќ постигна седум гола. Додека во екипата на Јехона најмногу се истакна Адис Салиу со осум гола, Василевски погоди седумпати.

Драчево со овие бодови се зацврсти на третата позиција со заостанување од пет бода зад Скопје и Шампион.