Драган Аџиќ нов селектор на репрезентацијата на Словенија

По неочекуваното напуштање на селекторската функција на Урош Брегар од женската репрезентација на Словенија, денеска искусниот тренер од Црна Гора, Драган Аџиќ го презеде неговото место. Оваа информацијата веќе е и официјално потврдена од раководството на Ракометната федерација на Словенија така што Црногорецот одново се враќа на селекторска задача.

Аџиќ како поранешен селектор на Црна Гора направи голем успех за ракометот во неговата земја. Паралелно, додека ја водеше репрезентацијата на Црна Гора беше тренер и на шампионот на Црна Гора, Будуќност. Поради одличните резултати тој ја доби довербата од челниците на словенечката федерација.

Црногорецот на селекторската позиција со новата репрезентација ќе дебитира за 15 дена. Словенија за противник во бараж натпреварот за настап на Светското првенство ја има селекцијата на Исланд. Иако квалитетот е на страната на Словенките, сепак, младата репрезентација на Исланд не смее да се потцени во ниту еден случај.

Покрај ова Аџиќ има комбинација и за тренерски ангажман. Неговото име и понатаму се поврзува со суперлигашот од Турција, Кастамону кој бара искусен тренер со богато искуство зад себе поради големите амбиции кои ги има во Лигата на шампионите.