Домаќинот ќе игра полуфинале на СП – Шпанија лесно ја „реши“ Германија

Репрезентацијата на Шпанија е вториот полуфиналист на Светското првенство откако во одличен натпревар во четврт-финалето ја совладаа селекцијата на Германија со 26:21.

Германија имаше перфектен почеток на четврт-финалниот дуел, поведоа со 4:0 а потоа имаа и водство од 7:3. Сепак, домашната репрезентација не се предаде и полека се враќање во дуелот. Шпанија успеа да израмни на 8:8, а потоа и да поведе. На полувреме беше 14:10.

Во второто полувреме ракометарките на домашната репрезентација постојано одржуваа четири или пет позитива. Само во еден момент Германија успеа да намали на минус два, но Шпанија не дозволи и еднаш ја врати предноста. До крај на дуелот без проблеми стигнаа до победата.

Најефикасна во победничкиот тим беше Кармен Коста со седум погодоци, а по три постигнаа Беренгер, Мартинез и Фрага. Во тимот на Германија се истакна Јулија Маидхоф со шест гола. Шпанија во полуфиналето ќе игра против победникот од дуелот меѓу Норвешка и Русија.