Доколку нешто пропуштивте: Величенственото деби на селекторот Лазаров во 185 секунди (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Македонија забележа една од најважните победи во ракометната историја откако против Данска се избори за триумф од 33:29.

Ова беше дуел со многу емоции и големо значење бидејќи легендата на македонскиот ракомет Кирил Лазаров првпат се најде во улога на селектор играч и дебитираше на најдобриот можен начин со победа против актуелниот и светскиот првак.

Натпреварот имаше и многу атрактивни потези, убави погодоци, но и одбрани кои заслужија да бидат издвоени.

Дел од нив се најдоа и во видеото кое трае три минути и пет секунди, па доколку нешто пропуштивте можете да го погледнете видеото на следниот ЛИНК и да уживате.