Додиќ го има секаде – се најде на список и кај младинците и кај сениорите на Србија

Селекторите на јуниорите и сениорите на Србија денес ги објавија списоците за повикани ракометари, а Стефан Додиќ се најде и на списокот кај Ѓорѓе Теодоровиќ и кај Тони Жирона.

Сениорската репрезентација на Србија ја чека натпревар во квалификациите за Светското првенство против Словенија, а собирот на репрезентацијата е од 10-ти до 17-ти април 2022 година. Покрај Додиќ кај сениорите повик доби и Дарко Ѓукиќ.

СПИСОК НА СРБИЈА: Дејан Милосављев, Владимир Цупара, Милан Бомштар, Тодор Јандриќ, Михаило Радовановиќ, Немања Илиќ, Вања Илиќ, Милош Грозданиќ, Младен Шотиќ, Михајло Марсениќ, Драган Пешамблек, Немања Ратковиќ, Живан Пешиќ, Иван Поповиќ,  Урош Аврамовиќ, Давор Бесариќ, Богдан Радивојевиќ, Дарко Ѓукиќ, Вукашин Воркалиќ, Матеја Додиќ, Петар Ѓорѓиќ, Илија Абутовиќ, Урош Борзаш, Стефан Сретеновиќ, Данило Радовиќ, Лазар Кукиќ, Ѓорѓе Ѓекиќ, Марко Милосављевиќ, Стефан Вујиќ, Стефан Додиќ, Милош Орбовиќ, Јовица Николиќ, Немања Зеленовиќ, Михајло Радојковиќ, Милан Милиќ.

Сениорите на Србија првиот натпревар против Словенија ќе го играат на 13-ти април во Целје, додека реваншот е закажан за 16-ти април.

Од друга страна јуниорите каде што исто така се најде Додиќ ќе се соберат на 12-ти април, а на 15-ти и 16-ти април ги очекуваат контролни натпревари со селекцијата на Хрватска.