Добри вести за Србија – Милосављев доби зелено светло од Фуксе Берлин!

Репрезентацијата на Србија, која во последното коло од групната фаза на Светското првенство ќе игра против репрезентацијата на Катар, ќе биде посилна со екс голманот на Вардар, Дејан Милосављев.

Искусниот голман ќе се приклучи во тимот на Тони Херона, откако доби „зелено светло“ од Фуксе Берлин.

За потсетување, Милосављев пред извесен период заработи повреда на лигаментите на стопалото и неговиот настап на Мундијалот во Полска и Шведска беше неизвесен.

Сепак, неговите лекарски прегледи во Германија покажаа дека нема никаков ризик да отсуствува од големото натпреварување.

Милосављев се очекува во текот на денешниот ден да пристигне во Катовице и заедно со неговата репрезентација да го одработи последниот тренинг пред дуелот со Катар.

Селекцијата на Србија веќе со една нога се наоѓа во главната фаза. Избраниците на Херона во првото коло на Мундијалот го совладаа Алжир со 36:27, додека во второто коло беа минимално поразени од Германија со 34:33.