Добри вести за Мешков Брест, засилен патува во Данска

Составот на Мешков Брест патува со три „засилувања“ на дуелот против Алборг во рамки на 4. коло од Лигата на шампионите. Во тимот кој патува се најдоа ракометари кои ги немаше на претходните три средби.

Голманот Иван Пешиќ, како и Павел Пачковски и Јака Малус добија зелено светло од докторите на тимот на Мешков Брест така што ќе го одиграат првиот натпревар сезонава бидејќи ги пропуштија претходните средби од оваа сезона.

Во тимот има 16 ракометари кои патуваат со автобус до Варшава, па оттаму со авион до Алборг.

Домаќинот е фаворит без разлика на тоа со каков состав Мешков Брест патува за Данска, но сосема извесно е дека составот на Алборг е тимот кој е во предност. Дуелот се игра в среда од 18:45 часот.