Добри вести за Вардар: Манасков ќе игра во финалето

Иако заработи повреда на мечот со Алкалоид во полуфиналето на Купот на Македонија, Дејан Манасков ќе биде во ростерот на Вардар на финалето против Еурофарм Пелистер.

Левото крило на Вардар беше најдобар стрелец против дебитантот и постигна 12 погодоци во убедливата победа, но во финишот на мечот се пожали на повреда на ногата.

Сепак не се работи за ништо сериозно и Манасков ќе може да биде во составот против битолчани, кои би требало да се во комплетен ростер.

Натпреварот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер се игра во СРЦ „Билјанини Извори“ со почеток од 18:00 часот во Охрид.