Добар ден за Норвешка и Шведска, во добра форма на стартот од контролите пред ОИ

Репреентациите на Норвешка и Шведска успеаја да дојдат до победи на стартот наконтролните средби во пресрет на Олимписките игри.

Женските селекции на Норвешка и Франција одиграа натпревар на кој актуелните европски шампионки стигнаа до убедлив триумф од 30:21. Во текот на целата средба Норвежанките има убава предност, а на полувремето имаа 17:11 што беше и повеќе од доволно за да може на крајот да се забележи убедлива победа.

Претходно селекцијата на Шведска дојде до уште една победа. После триумфот над Русија, Швеѓанките дојдоа до триумф и против Холандија од 28:23 така што на крајот го добија овој мини турнир на три репрезентации.

Ова најавува кандидатура на Швеѓанките за висок пласман на игрите во Токио кои почнуваат на 26 јули.