Динар одбра за ЕП: Франција со Карабатиќ, Ремили, Ричардсон, Фабрегас…(ФОТО)

Селекторот на Франција, Дидие Динар го потврди скратениот список на репрезентацијата пред настапот на Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска кој го објави уште на крајот на декември.

После подготвителните натпревари во „Златната лига“ селекторот не направи промени во тимот и остана на 18 ракометари кои ги селектираше на почетокот на подготовките.

Очекувано, на списокот ги нема повредените Кентан Мае од Веспрем и Лука Карабатиќ од ПСЖ, но Динар ќе смета на десниот бек Недим Ремили. Тука се Никола Карабатиќ, Мелвин Ричардсон, Елохим Пранди, Ромен Лагард. Исто така и пикерската позиција е добро покриена со  Турна, Сорендо и Фабрегас.