Динар би можел да смета на кружниот напаѓач: Карабатиќ сепак ќе игра на ЕП?

Репрезентацијата на Франција во Кретеј ги започна подготовките за настапот на Европското првенство, а селекторот Дидие Динар има на располагање 18 ракометари. Влогот е голем, Франција цели кон титулата, но и кон директен пласман на Светското првенство во Египет.

„За мене е незасмиливо Франција да не биде на Олимписките игри. На ова Европско првенство влогот ќе биде голем, бидејќи освен за место на ОИ, се бориме и за место на СП. Ако обезбедиме полуфинале, ќе имаме за што да размислуваме, но долг е патот до таму. Паднавме во последните две полуфиналиња и сакам да кажам дека јас сум тој што не знаеше како да ја подготви екипата за тие натпревари. Не бевме добри во одбраната, но научивме од грешките“, изјави Динар.

Тој најави дека многу малку ќе се работи на кондицијата со ракометарите и повеќе внимание ќе се обрне на тактичкиот дел. Добра вест е тоа дека кружниот напаѓач на ПСЖ, Лука Карабатиќ, би можел да игра на ЕП.

„Не ја отфрламе таа можност, но до овој момент не е во комбинација за подготовките. Ако ни се приклучи  во некоја фаза, тоа ќе значи дека е 100% подготвен, дека нема никаков страв од контакт и дека ја има поддршката од клубот“, заврши Динар.

Слична ситуација беше и на минатото Светско првенство, каде Франција во групната фаза не сметаше на Никола Карабатиќ, но подоцна тој се врати во ростерот.