Металург за крај на настапите во Лигата на Европа успеа да му откине бод на шпанскиот Адемар Леон, 27-27.
Тренерот на тимот од Автокоманда, Оливер Димитриоски беше задоволен од последниот натпревар на европска сцена и бодот против тимот на Каденас.
„Честитки на Адемар Леон за пласманот понатаму. Им благодарам за фер и коректната игра. За мене е голем момент да извлечам бод против големо тренеско име како Каденас Задоволен сум од првиот дел, во вториот правевме многу грешки, можеби малку се уморивме, но сепак на крај сум задоволен како се одјавуваме од Лигата на Европа“, вели Димитриоски.
За Металург сега останува да се посвети на домашните обврски и мечот против Пролет од плеј-офот во петок.