ДИВИ: Му се ставив на располагање на селекторот Лазаров

Актуелниот стручен штаб на машката сениорска репрезентација на Македонија се поранешни клупски и репрезентативни соиграчи на голманот Петар Ангелов – Диви.

Чуварот на мрежата сака по завршувањето на кариерата да остане во ракометот како тренер на голмани, функција која се уште не е пополнета во националниот тим.

Диви му се ставил на располагање на селекторот Кирил Лазаров во случај тој да се вклопува во нивните планови.

„Пред месец дена имавме разговор со Кире, а потоа и со Жути (Миркуловски) и јас им ги кажав моите планови и размислувања. Верувам дека ќе останат подолго време во репрезентацијата, а со оглед на моето искуство и знаење верувам дека можам да се најдам и да помогнам во таа средина. Не сакам да се наметнувам и да притискам, туку сакав да се ставам на располагање и да им дадам до знаење дека сум расположен за соработка доколку се вклопувам во нивните планови.“

Подолу прочитајте го комплетното интервју со Ангелов…

ИНТЕРВЈУ ПЕТАР АНГЕЛОВ: Не се давам, ќе бранам уште една сезона!