Дејвис: Го загубивме натпреварот во првото полувреме

Кил го победи Веспрем во возбдулив меч со 36-35 дури по продолженијата и обезбеди место во финалето на Лигата на шампионите.

Тренерот на Веспрем, Давид Дејвис, смета дека клучно за победникот беше лошото прво полувреме на неговите момци, иако тие во вториот дел успеаја да направат пресврт.

„Ние го почнавме лошо натпреварот, иако се подготувавме цела недела. Потоа беше многу комплицирано да се вратиме. Успеавме, но мислам дека го загубивме мечот во првите петнаесетина минути. Во текот на новата сезона играме добро во текот на сите 60 минути на натпреварите, но вечерва не беше таков случај. Сепак морам да им честитам на играчите за тоа што направија, но на крајот се покажа како недоволно. Ќе продолжиме да се бориме, ќе се обидеме да се пласираме на следниот Ф4 и да се вратиме посилни во Келн“, вели Дејвис.

Финалето меѓу Кил и Барселона се игра утре со почеток во 20:30 часот, додека мечот за третото место во „Ланксес Арена“ меѓу Веспрем и ПСЖ е на програмата од 18:00 часот.