Деспина сигурна против Стружанка, си обезбеди нови бодови

Ракометарките на Деспина одиграа уште еден добар натпревар на домашен терен и обезбедија три бода на дерби дуелот против Стружанка откако победија со 26:20.

Прилепчанки тргнаа одлично од првата минута и успеаја да се изборат за предност која постојано ја зголемуваа. Неизвесноста траеше до 7:7 кога домашните засилија и успеаја до крајот на првиот дел од средбата да се изборат за позитива од четири гола и на одмор да заминат со 13:9.

Овие четири гола од првиот дел беа сосема доволни за да може во вторите 30 минути да се одигра уште подобро и смирено.

Водството беше од пет до осум гол и сигурноста беше дефинитивно на страна на составот на Деспина. Во ниту еден момент не се дозволи гостинките да се разиграат и да се дојде до подобар резултат. Овој пат стружанки не можеа да го издржат темпото и да ја повторат играта од дуелот против Металург така што на крајот мораа да капитулираат.

Со ова бодовите останаа во Прилеп, а Стружанка ќе бара нова можност во следното коло.

ДЕСПИНА – СТРУЖАНКА            26:20 (13:9)

Сала: Р. Р. Ричко во Прилеп. Судии: Ѓорѓи Василевски и Иван Јовановски од Скопје. Делегат: Златко Локвенец од Скопје.

ДЕСПИНА: Димитриеска, Ристевска, Боризоска, Рипилоска 2, Камческа 4, Димоска, Цветкоска, Спиркоска, Димитрова 2, Цаневска 2, Седлоска 2, Петреска, Аризанова, Конеска 10, Филипоска 4.

Седмерци: 4/7, Исклучувања: 8 мин.

СТРУЖАНКА: Ристоска, Митоска, Голабоска 2, Маркоска 2, Дукоска 4, Переска 1, Б. Затуроска, Јоноска, И. Затуроска 2, Ѓоршулеска, Јусуфи 1, Петреска 2, Делиоска 6.

Седмерци: 3/5, Исклучувања: 12 мин.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ19181055
2МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА19161249
3ЧАИР18151246
4КУМАНОВО19150445
5ВАРДАР19141443
6СТРУЖАНКА1991928
7ПЕЛИСТЕР 20121991928
8СКОПЈЕ19721023
9ДЕСПИНА18611119
10СПАРТАК19511316
11ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.19431215
12АСТИБО19401512
13ШАМПИОН1921167