Деспина се израдува на три бода во Свети Николе

Ракометарките на Деспина се изборија за уште една победа на гостување, а овој пат го направија тоа против тимот на Овче Поле каде победија со 24:18.

На дуелот во Свети Николе прилепчанки одиграа доволно добро за да можат на крајот дасе радуваат. Победникот беше решен уште во првото полувреме.

Гостинките полека создаваа предност. Успеаја да се изборат за разлика која им гарантираше бодови. Најголемата предност ја обезбедија пред да заминат на одмор така што петте гола беа и највисоките до 30 минута.

На одмор Деспина имаше 14:9, но јасно беше дека ќе мора да се одигра концентрирано и во продолжение од натпреварот.

Домашните се доближија на три разлика и имаа 14:17, а потоа со четири гола и водство од 21:14 тимот на Деспина рано го реши натпреварот, па до крајот на средбата само се одигра смирено за да се дојде до нови бодови.

ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – ДЕСПИНА        18:24 (9:14)

Сала: „Цар Самоил“ во Свети Николе. Судии: Драган Јовановски од Штип и Игор Јованов од Радовиш. Делегат: Зоран Јовановски од Штип.

OВЧЕ ПОЛЕ СУ: Младеновска Кузмановска, Јовановска 2, Стоилова, Вучевска 5, Сентовска, Манева 2, Конева, Велковска 4, Костова 4, Стојанова, Мицевска, Гигова 1, Ташкова, Маркова.

Седмерци: 2/6, Исклучувања: 4 мин.

ДЕСПИНА: Димитриеска, Боризоска, Гулеска, Рипилоска 3, Камческа 4, Димоска, Цветкоска 2, Спиркоска,Ристевска, Еленин, Цаневска 4, Седлоска 3, Миноска, Аризанова 1, Конеска 7

Седмерци: 2/3, Исклучувања: 4 мин.