Десниот бек на Пролет заврши во 3. лига во Германија (ФОТО)

Ракометарот од Србија, Никола Потиќ откако во минатата сезона играше за Металург, па за Пролет во новата ќе настапува во Германија и тоа во 3. лига.

Потиќ е нов член на тимот на Блауштајн така што во оваа екипа би требало да има улога на лидер.

Интернационалецот од Србија има 27 години, а висок е над 200 сантиметри. Кариерата ја почна во редовите на Партизан, а играше и за ППД Загреб. Покрај тоа Потиќ има играно и во 2. Бундес лига за тимот на Либек Швартау што беше и еден од клучните моменти за да биде ангажиран од третолигашот.

Ова е изненадување од страна на Потиќ, но тимот на Блауштајн во него гледа големо засилување и играч кој ќе треба да донесе поголем квалитет во одбраната и да донесе многу голови во нападот.