Денеска на терените: Кандидати за златото во Токио на предолимписка пресметка

Селекциите на Франција и Данска денеска ќе имаат проверка на формата пред почетокот на Олимписките игри.

Натпреварите на игрите стартуваат викендов, па ова е генералка за две репрезентации кои се кандидати за златниот медал.

Средбата се игра од 11 часот денеска и ова ќе биде доста интересна средба на која ќе може да се види која селекција во подобра форма ја пречекува Олимпијадата.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ

11:00ч

ФРАНЦИЈА – ДАНСКА (Пријателска средба)