ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Се комплетира второто коло на младинското СП

Денес на Светското младинско првенство, кое се одржува во Грција и Германија, ќе биде комплетирано второто коло.

По денешните одиграни натпревари ќе бидат познати речиси сите патници во следната фаза.

Претходно, место меѓу најдобрите 16 репрезентации обезбедија Португалија, Германија, Бразил, Србија, Исланд, Египет и Грција.

Распоред на денешните натпревари

10:00 СЛОВЕНИЈА – БАХРЕИН

11:00 ФАРСКИ ОСТРОВИ – ЈАПОНИЈА

12:15 НОРВЕШКА – УНГАРИЈА

13:15 АНГОЛА – ШПАНИЈА

14:45 ГРЕНЛАНД – ШВЕДСКА

17:00 ДАНСКА – АРГЕНТИНА

17:15 ПОЛСКА – ХРВАТСКА

19:30 САД – ФРАНЦИЈА

Младинската репрезентација на Македонија денеска до сабота ќе игра на силен турнир во Унгарија.

Избраничките на Јулијана Дамчевска денес со почеток од 17:00 часот ќе се соочат против домаќинот на турнирот.