ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Се игра последното коло во Бундес лигата, Кил го презема тронот

Денес ќе се одигра последното, 34. коло во Бундес лигата, по што нов шампион во најквалитетното натпреварување на светот ќе биде екипата на Кил.

Тимот на Филип Јиха има 57 бода, два бода помалку има Магдебург (55). Составот на Кил е голем фаворит во дуелот со Гепинген и се очекува со победа да ја врати титулата во свои раце. Ланската сезона титулата ја освои Магдебург.

Ракометарите на Кил последен пат беа шампиони во Бундес лигата во сезона 2020/21.

Сите натпревари од последното коло од Бундес лигата ќе се одиграат денес и истите ќе започнат од 15:30 часот.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

15:30 БЕРГИШЕР – ЕРЛАНГЕН (БУНДЕС ЛИГА)

15:30 ФЛЕНСБУРГ – РАЈН НЕКАР (БУДЕС ЛИГА)

15:30 ГЕПИНГЕН – КИЛ (БУНДЕС ЛИГА)

15:30 ХАМБУРГ – МЕЛСУГЕН (БУНДЕС ЛИГА)

15:30 ВЕСТФАЛЕН – ЛАЈПЦИГ (БУНДЕС ЛИГА)

15:30 – ЛЕМГО – ФУКСЕ БЕРЛИН (БУНДЕС ЛИГА)

15:30 МИНДЕН – ГУМЕРЗБАХ (БУНДЕС ЛИГА)

15:30 ШТУТГАРТ – ХАНОВЕР (БУНДЕС ЛИГА)

15:30 ВЕЦЛАР – МАГДЕБУРГ (БУНДЕС ЛИГА)