ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Македонија против САД на пријателска средба пред ЕП

Женската младинска репрезентација на Македонија денес од 12:00 часот ќе го одигра последниот натпревар на турнирот „Четири нации“ што се одржува во унгарскиот град Дабас.

Избраничките на Јулијана Дамчевска за последен ривал ја имаат репрезентацијата на САД, која исто така претрпи два порази.

Македонија на стартот од турнирот беше убедливо поразена од домаќинот со 44:18, додека на вчерашниот дуел против Холандија „црвено-жолтите“ одиграа далеку подобро и загубија со 26:21.

Пријателските дуели во Унгарија се во рамки од подготовките за настапот на Европското првенство во Романија.

Нашата репрезентација на младинскиот континентален собир се наоѓа во група со Данска, Чешка и Црна Гора.

Европското првенство во Романија ќе се одржи од 6 до 16 јули. И во оваа конкуренција ќе има два ЕХФ шампионати од 8 до 16 јули во Литванија и Косово.