Денеска на терените: ЕП завршува за две репрезентации

Почеток на нова седмица и веќе петти ден на Европското првенство каде што денеска ќе заврши првенството за две репрезентации.

Оние кои ќе финишираат на 4. позиција ќе мораат да си заминат така што ова ќе биде ден на кој селекциите бараат начин да го продолжат својот претстој во Данска. Воедно се бара начин и за пренесување бодови во следната рунда, па затоа ова се дуели кои ќе бидат доста интересни.

Покрај тоа денеска на програмата е и натпревар од Супер машката лига и тоа од Групата А. Сепак, средбата меѓу КЛ 7 и Астраион нема да решава ништо бидејќи тука веќе сè е решено.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ

14:30ч

АКБУЗАТ – ДИНАМО АСТРАХАН (Русија Супер лига)

СУНГУЛ – ТАГАНРОГ (Русија Супер лига)

18:15ч

ГЕРМАНИЈА – ПОЛСКА (Европско првенство, жени)

ШПАНИЈА – ЧЕШКА (Европско првенство, жени)

19:00ч

ЛУГИ – МАЛМЕ (Шведска 1)

19:30ч

КЛ 7 – АСТРАИОН (Македонија Супер машка лига)

20:30ч

РОМАНИЈА – НОРВЕШКА (Европско првенство, жени)

РУСИЈА – ШВЕДСКА (Европско првенство, жени)

21:00ч

АКВА САНТАС – ПОРТО (Португалија 1)