Денеска на терените: Барселона прва го потврдува четврт-финалето

Ракометарите на Барселона денеска го играат реваншот од осминафиналето од Лигата на шампионите и се соочуваат со Елверум по вторпат откако во петокот го одиграа првиот дуел.

Денеска Каталонците повторно играат на домашен терен, но сега како домаќини и секако се со улогата на фаворити и се очекува нова убедлива победа. Од приот дуел имаат 37:25 така што и денеска задачата е само формална.

Се играат уште неколку средби во текот на денешниот ден, но се работи за првенствени дуели од Данска, Финска и Летонија.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ

13:00ч

РИНГСТЕД – ДХГ (Данска 2, жени)

14:30ч

ДИКЕН – ГРИФК (Финска 1, плеј-оф, жени)

15:00ч

ХИФК – КЈИФ (Финска 1, плеј-оф, жени)

16:00ч

АСК/ЛСПА – ЧЕЛТНИКС РИГА (Летонија 1)

ДОБЕЛЕС ТЕНАКС – ЈУРМАЛАС (Летонија 1)

18:45ч

БАРСЕЛОНА – ЕЛВЕРУМ (Лига на шампиони)