Денеска на терените: Активно само на домашна сцена, битка за плеј-оф

На трите денешни средби кои се играат во Скопје, Богданци и Кавадарци, две од екипите ќе се обидат со победи да останат во трка за пласман во плеј-офот и да останат во игра за освојување на третото место до недела.

Ситуацијата е јасна. Еурофарм Пелистер 2 кој денеска е слободен е во предност во однос на тимовите на ГРК Тиквеш и Прилеп. Математиката е јасна така што денеска мора да победат и едниот и другиот тим.

Прилеп е на тешко гостување во Скопје кај Бутел и тука ќе мора да се даде и повеќе од максимум за да се дојде до посакуваниот резултат.

Составот на ГРК Тиквеш, пак, е домаќин на Металург каде што гостите доаѓаат без странците. Единствено во тимот е младиот Стефан Додиќ, но тој иако игра со српски пасош, може да се смета и како домашен играч бидејќи е дете на Металург.

Во позадина останува дуелот меѓу Младост 1977 и Работнички со оглед на тоа што тој е само за меѓусебен престиж.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ

19:00ч

БУТЕЛ СКОПЈЕ – ПРИЛЕП (Македонија, Супер машка лига)

МЛАДОСТ 1977 – РАБОТНИЧКИ (Македонија, Супер машка лига)

ГРК ТИКВЕШ – МЕТАЛУРГ (Македонија, Супер машка лига)